Трговскиот дефицит за 2012 г. изнесува 2,5 милијарди долари

Bez autora
Feb 05 2013

Република Македонија во надворешно-трговската размена за цела 2012 година бележи дефицит од 2,5 милијарди долари, што претставува намалување за околу 50 милиони долари во споредба со 2011 година. Според податоци на Државниот завод за статистика, вкупниот обем на трговската размена лани изнесувал 10,5 милијарди долари, што е речиси за милијарда долари помалку во однос на 2001 година, кога обемот изнесувал 11,4 милијарди долари. Намалување бележи и извозот, кој лани изнесувал четири милијарди долари, наспроти 4,45 милијарди во 2011 година, како и увозот кој во 2012 година изнесувал 6,5 милијарди долари, а во претходната година достигнал седум милијарди долари. Покриеноста на увозот со извоз лани изнесувала 61,5 отсто, додека во претходната година била 63,6 отсто.

Трговскиот дефицит за 2012 г. изнесува 2,5 милијарди долариРепублика Македонија во надворешно-трговската размена за цела 2012 година бележи дефицит од 2,5 милијарди долари, што претставува намалување за околу 50 милиони долари во споредба со 2011 година.

Според податоци на Државниот завод за статистика, вкупниот обем на трговската размена лани изнесувал 10,5 милијарди долари, што е речиси за милијарда долари помалку во однос на 2001 година, кога обемот изнесувал 11,4 милијарди долари.

Намалување бележи и извозот, кој лани изнесувал четири милијарди долари, наспроти 4,45 милијарди во 2011 година, како и увозот кој во 2012 година изнесувал 6,5 милијарди долари, а во претходната година достигнал седум милијарди долари.

Покриеноста на увозот со извоз лани изнесувала 61,5 отсто, додека во претходната година била 63,6 отсто.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта.

Во увозот најмногу се застапени суровата нафта, платината и легурите на платина, необработени или во прав, моторните возила за превоз на лица и електричната енергија.

Македонија најмногу тргува со Германија, Грција, Србија, Бугарија и Италија, со кои обавува 47,1 отсто од вкупната надворешно- трговска размена се врши со овие пет земји.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik